Велики Четврток со Елеосвештение во храмот „Св. Богородица“ во Битола

На 09.04.2015 г., кога си спомнуваме за Тајната Вечера на нашиот Спасител, Господ Исус Христос, и миењето на нозете на апостолите, митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар отслужи божествена Литургија во храмот „Св. Богородица, во Битола.

После Литургијата, владиката заедно со свештенството од храмот ја отслужија Светата Тајна Елеосвештение.

Стихови за миењето на нозете:
Бог, Кој некогаш го вознемири рајот додека одеше низ него во приквечерината, Вечерта на Велики Четврток доаѓа да им ги измие нозете на учениците.

Стихови за Тајната вечера:
Вечерата е двојна: една е Пасхата на законот; Втора е Новата пасха – Телото и Крвта на Господа.

Стихови за Првосвештеничката молитва:
Молитва и страв, пот од крв на лицето Христово, смрт, А со тоа го прелажува ѓаволот.

Стихови за предавството:
Зошто доаѓате со ножеви и стапови да Го барате, Оној што сака да умре за избавување на светот?

(извадок од Синаксарот на Светиот и Велик Четврток)

P1150499

P1150513

P1150531

YouTube Preview Image