ТЕОЛОГИЈАТА И ЦРКОВНАТА УМЕТНОСТ

Teологијата има врска со архитектурата по аналогија, која го поврзува Бога Творецот и создадениот човек. Во Символот на верата ние говориме дека Бог Отецот е Поет на небото и земјата = Творец на небото и земјата. Во еврејскиот јазик имаме два глаголи, кои точно ја разликуваат Божествената Создавачка моќ, која создава од ништо (бара) и човечката сила да прави, обликувајќи ја веќе однапред создадената материја (јацар).

Можеме сликовито да кажеме дека Трите Нестворени Личности на Светата Троица – Трите Неразделиви Уметници се со една волја и каде што е Отецот – Проектант, Архитект на космосот, Синот е – Изведувач, Градител и Извршител на Очевиот Проект, а Светиот Дух е – Украсител, Декоратор на космосот.
Космосот е прекрасно уметничко Божјо дело, каде што единствено човекот е обликуван од рацете на Божествениот Вајар како Негова жива статуа и таму секој човек е неповторлив уникат. Човекот е создаден бог на кого му е заповедано да ги умножува своите од Бога дадени таленти. Овде ја откриваме приближната дефиниција за уметничките дела: тие настануваат во точката, каде што се поклопуваат Божествената и космичката неоходност.
Да се научи како да се совлада отпорот на материјалот, како да се укроти огревовената потреба на овој свет – тоа е знаење на занает. Меѓутоа, како да ја вдахновиме Богомдарованата убавина во свое дело – тоа не може да се научи од книга – тоа е знак на личен плод, знак на боголикост. А тоа се нарекува талент и гениј. Сепак е тајна на секој поединиц уметник, на кого ќе го посвети својот талент: во слава Божја или во слава на лажниот бог сатаната.

20140924_093616

Со појавата на Ренесансата гледаме продор на несторијанските ереси, каде Божествениот Лик на овоплотениот Логос се сведува само на сентиментален човек Исус, а Пресвета Богородица само на Христородица, Мадона. Затоа нас Ренесансата свежо ни мириса на старите страсти, на човечката крв. Нејзината креативност во суштина е очајот на генијалецот, заради неговата конечна немоќ, која врхува во уметноста на нашиот век, во сите – доктрини, во кои е разделен и расцепкан ликот на непреображениот човек. Наспроти овој правец имаме еден со изразито светол сликар Коста Брадиќ, кој ја осетил логосноста и неуништливата убавина на Божјата творевина и на човековиот лик.
Во црковната уметност на Православната Црква постои светителски реализам, кој е достапен само за оние, кои ги имаат крилата на вистинската вера и на љубовта Троична. Тие се трезвено-умните иконописци покајници и подвижници – навистина над – уметници, бидејќи нивната рака е поткрепена од Светиот Дух. Тие ги гледаат лицата во ореол на Светлоста нестворена, како што тоа ќе биде насекаде по општото Воскресение. Додека овоземните уметници ја гледаат единствено создадената светлост, во која неизбежна е смртната сенка.
Меѓутоа, смислата и целта на креативноста е величањето на Бога Дарователот на сите таленти. Тоа е спасение, тоа е живот вечен во неовенлива убавина.
Златото околу светителскиот лик и возвишената перспектива го ослободува од врската и неопходноста од природните закони и му дава балагодатна онтологија на обожение. Тој светителски реализам, како дар на предвидливост во уметноста, постанува стил на оној уметник, кој се вкоренил во Светото Предание на Православната Црква, и во најсветата тајна – Евхаристијата.
Сега преоѓаме на аналогијата и пароболата, која говори за градителот. Прво: Седржител, Создател, Ѕидател, Ѕидар на просторот. Ерма во своето дело Пастир ја опишал Црквата како градба во која секој попречен камен е по еден верник заѕидан во светата зграда Божја – Црквата. Светиот ап. Павле во Првото послание до Коринтјаните вели: Ние сме Му соработници на Бога, а вие сте Божја нива, Божја зграда. Според дадената ми од Бога благодат, јас, како мудар Првоградител, поставив темел, а друг ѕида; само нека пази како ѕида. Зошто никој не може да постави друга основа, освен положената, која е Исус Христос.
Најголемото и неуништливо уметничко дело го направил Синот Божји – Црквата Православна како Свое Тело.
Новозаветниот храм е свештен простор за вршење Литургии. Најсовршениот облик на христијански храм го достигнал Антим Тралски, подигнувајќи ја со своите сотрудници – Света Софија во Цариград. Нејзиниот ктитор, царот Јустинијан – возкликнал: Соломоне, те победив !
Таа чудесна градба – надворешно е скромна, ненаметлива. Нејзиното богатство е внатре, а тоа е очигледното присуство Божјо на земјата. Куполата, без никакви стубови, дословно лебди како небо … Тој храм е со тули испеана христологија. Долниот дел е легнат крст – тоа е Телото на Богочовекот. А горниот дел е купола, која ја претставува Неговата Божествена природа, бидејќи сферата го претставува совршениот облик – прикладен за символичко укажување на Бога. Долниот дел – квадрат, а горниот сфера – и во куполата – Пантократор, Христос со апостолите и ангелите. Небесната Црква торжествува, соединета со војувачката Црква на земјата. Таму на мозаиците е великиот собор на Светиите, облак од девствени души на свадба со Јагнето.
Она што е злато – како символ на Божјата светлост, на иконите и мозаиците – тоа е куполата издигната на пресекот од основата на крстот во православната црковна архитектура. А тоа е возвишена перспектива во таа градителска уметност.
Таа интуиција на генијалците ја осетиле и Микеланџело и Бруналески кога ја граделе базиликата Свети Петар. Меѓутоа, тие не успеале да ги достигнат градителите на Света Софија, која е совршена, бидејќи е совршена во функција на Божествената литургија. Ако поставите четворица луѓе во нејзините четири агли – и ѓаконот тивко да запее во центарот Господи помилуј – тоа без никаков напор ќе се чуе во сите четири агли од храмот. Меѓутоа, таа тајна за акустиката – илјада години покасно – не ја знаеле Брунески и Буанароти во XVI век. Ако се богослужи во апсидата – тоа може да се слушни и во лаѓата од тој храм … Значи, тоа е движење низ просторот, кое поседува едноставност. А ние читаме во Евангелието: Во почетокот беше Словото … А тоа значи Бесконечна Мера и Процент. Чујната хармонија во храмот е обликована со човечкиот лакт. Toa уште едно правило за православната архитектура.
Монархијата во Троица се одржува со непарен број на прозорци – три, пет, седум, девет. Кога во стариот Рим владееле два конзула – значело дека таму нема монархија.

20140924_093447

Како што Господ ги изгонил од рајот прародителите, радосно заповедајќи им: Раѓајте се и множете се!, така и секој православен градител ја има таа иста заповед на планот – на градителството. Тоа го оставил како аманет големиот сликар Теофан Грк на својот ученик Андреј Рубљов, кога паднал со духот и му се жалел: Што вреди да сликам кога варварите тоа ќе го уништат! А Теофан на тоа му рекол: Ние мораме да насликаме повеќе слики отколку што можат варварите да уништат.
Совршените храмови остануваат неуништливи, тие ќе се вознесат на небо – ќе се вградат во составот на Небесниот Град, Новиот Ерусалим. Како што светителите влегуваат во Телото на Христа Бога , така со нив и нивните дела ќе го надживеат последниот Суд, бидејќи се создадени по Негова волја.

Епископ Будимски г. Данило ( Крстиќ )

Превел: Петар М. Петковски,
студент на теологија во III година при ПБФ „Свети Климент Охридски“ – Скопје