На 06.05.2015 година, кога го празнуваме споменот на св. Георгиј Победоносец и преполовувањето на Празникот на Воскресението Христово и Педесетница, митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар, отслужи Божествена Литургија во храмот посветен на „Св. Георгиј“ во Ресен.
На Литургијата празничната радост ја зголемија со своето присуство и архиерејскиот заменик, протоереј-ставрофор Никола Грамбозов, и протоереј Стеван Здравевски, поранешен парохиски свештеник во Ресен.
Ден претходно, вечерна богослужба владиката отслужи во манастирот посветен на „Св. Георгиј“ во селото Селце, Прилепско.
Тропар, глас 4.
Како ослободувач на пленетите,
и на сиромасите заштитник,
на немоќните лекар,
соборнику на царевите,
Победоносче, Великомачениче Георгије,
моли го Христа Бога, да ги спаси душите наши.
[youtube]https://www.youtube.com/watch?v=upFQCXb_qaU[/youtube]
Тропар на Преполовението, глас 8.
На преполовението на Празникот,
жедната моја душа, напој ја
со водите на благочестието.
Зашто сите си ги повикал, Спасителе,
кој е жеден, нека дојде при Мене и нека пие.
Извору на нашиот живот, Христе Боже, слава Ти!