Спомен на 222 Кинески новомаченици

Пред триста години, во престолнината на Кина, Пекинг, била основана руска православна мисија. Во 1902 година, биле канонизирани 222 кинески новомаченици како локално почитувани светители, а до 1917 година, им била насликана икона и составена посебна служба.За нив, а исто така за појавувањето на Православнието во таа земја – следува краток материјал.

Првото сведоштво за православието во Кина се однесува кон 1685 година. Веќе на почетокот на XVIII век, со указ на Петар Ι во Пекинг била основана Руска Духовна мисија. До почетокот на XX век, православната општина во Пекинг броела неколку стотици луѓе. Речиси сите тие примиле маченичка смрт за време на востанието на „боксерите“[1] против странското мешање во економијата, внатрешната политика и религиозниот живот во Кина.Народниот протест против колонијализмот, летото 1900-та година бил поддржан од владата на кинескиот император. Препознатлив белег на боксерите станала борбата со христијанската Црква и христијанските кинези. Во таа борба, на тешки мачења и убиства биле подложени повеќе од 30 000 христијани од различни конфесии, кои не се одрекле од Христа без оглед на  мачењата и потсмевите од ихетцуаните.

Само 222 од правосланите биле идентификувани, нивните мошти собрани и погребени во криптата на новоизградениот храм на Сите свети маченици во Пекинг. Во годините на „културната револуција“ овој храм бил разрушен, а неговата крипта поплавена.

Во 1902 година, кинеските маченици биле канонизирани од Руската Православна Црква како локално-почитувани светители. На кинеските новомаченици, уште пред 1917 година им била составена посебна служба и насликана икона.

Празнувањето на Собор на кинеските новомаченици во Руската православна црква се служи на денот на почетокот на убивањето на христијаните во Пекинг, 11 јуни (24 јуни по нов стил).

Од зборовите на тогашниот началник на Руската Духовна мисија во Пекинг, архимандрит Авраамиј (подоцна митрополит Инокентиј):

„Главен ден на маченичката смрт на православните кинези во Пекинг бил 11 јуни, 1900 година. Уште вечерта, по сите улици биле залепени флаери, кои ги повикувале јазичниците да ги тепаат христијаните и да се закануваат со смрт на секој, кој ќе се осмели да ги скрие. Ноќта на 11, спроти 12 јуни, боксерите со запалени факели се појавиле во сите делови на Пекинг, нападнале на  христијанските живеалишта, ги фаќале несреќните христијани и ги мачеле, принудувајќи ги да се откажат од Христа. Многумина во ужас пред маките и смртта се одрекувале од православието, за да го спасат својот живот, и палеле темјан пред идолите. Но други, не плашејќи се од маките, храбро го исповедале Христа. Нивната судбина била страшна. Ним им ги отварале утробите, им ги сечеле главите, ги палеле по домовите. Потрагата и погубувањето на христијаните траеле до крајот на востанието. По истребувањето на домовите на христијаните, нив ги ваделе надвор од гратските порти, во незнабожечките храмови на боксерите, каде што ги испрашувале и ги палеле на клада“.

 

(Отпразнуван нивниот спомен во храмот на светите Петар и Павле, во Хонг Конг)

kina kina1 kina2 kina3

Извор: http://happy-school.ru/publ/kitajskie_novomucheniki/50-1-0-13164

 

 

 

 

[1] „Ихетцуанското востание“ од 1899-1901. (Еден од одредите се викал „Ихецјуан“, што значи „Бокс во име на справедливост и согласност“, па затоа и востаниците добиле назив „боксери“),

 

Поврзано: Кинеските новомаченици – фотографски материјали