Право да се плука во супата

Градска кујна, во едно малечко градче во близина на Москва. Тивко свири музиката од филмот „Последното искушение на Христос“. Во средината стои котел со ладна супа.

Кон котелот, со решителни чекори се упатува Либертаријанец, покажувајќи јавна намера да плукне во него. На патот му излегол Конзервативец.
Конзервативецот: Застанете!
Либертаријанецот: Вечно вие стоите на патот на прогресот.
К: Кај сте тргнале?
Л: Јас морам вам да ви дадам одговор? Добро, нека ви биде. Одам да плукнам во супата!
К: А, не… Многу работи трпев, но ова не.
Л: Токму од тие причини не ги поднесувам конзервативците! Малку им е самите да се конзервативци, сакаат на сите и на секого да му кажуваат, каде да плука!
К: После јас треба да ја јадам таа супа!
Л: И јас исто така! Зошто си мислите дека Вие имате поголеми права на супата од мене? Имам право да плукам каде што сакам! Сега не е средновековието!
К: А јас имам право да ја јадам супата без Вашата плунка?
Л: Повелете. Кој ви смета да си сварите одделно супа? Варете го во посебно тенџере и не плукајте во него, но зошто се мешате на други да им кажувате?
К (малку збунето): Па… Тоа е многу нехигиенски, да се плука во супата. Таму може да се развие хепатитис, сифилис…
Л: Што, сакате да кажете дека јас имам сифилис? Значи вие конзерваторите вечно ќе измислувате за нас секакви глупости.
К: Не, што зборувате вие.
Л: Тогаш што е работата?
К: Ако плукањето во супата стане обичај, тогаш ќе се најдат и луѓе кои навистина имаат заразни болести…
Л: Ако вас навистина ве вознемируваше распространувањето на заразни болести, ќе ја поддржевте програмата за обучување на децата во училиштата, за користење на презервативи!
К: Сепак, согласете се, дека сифилисот може да се пренесе и преку плунката во супата…
Л: Наскоро, медицината конечно ќе расчисти со сифилисот и Вашиот аргумент ќе ја изгуби секоја смисла. (Се движи кон супата. Конзервативецот не го пушта).
Л (нервозно): Пуштете ме!
К: Слушајте, зошто Вие не си сварите супа во посебен сад и да плукате во него, колку сакате? Или да почекате, кога таа супа ќе биде кај Вас во чинијата, и тогаш да плукате во неа?
Л: (нервозно) Вие сакате да нè пикнете во гето? Да ни дозволите да плукаме во супата само зад завеси? Е нема да успеете! Ние – не сме граѓани од втор ред!
К: Не планирам никаде да ве затворам. Едноставно не сакам да плукате во супата.
Л: Таквите како Вас ги палеле научниците во средните векови!
К: Од каде сега научници?
Л: И тоа, заради ваши причини!
К: Какви „наши“?
Л. Во земјата Шлезвинг – Голдштејн, инквизиторите запалиле 95% од жените!
К: Дури 95 %?
Л: Ете го, цинизмот на конзервативците! Зарем болката на една изгорена жена е помала, ако не се 95%, туку помалку?
К: Каква врска има тоа со плукањето во супата?
Л: Таква, што вели, дека Вие, конзерваторите не сте тие кои може да ни кажете каде да плукаме, а каде не! Пепелта на Галилеј чука во моето срце!
(малку поспокојно)
Вие, можете воопшто да наведете било какви разумни причини, поради кои јас не треба да плукам во супата?
К: Тоа е нехигиенски.
Л: Тука јас веќе ве побив!
К: (Малку нервозно) На крајот на краиштата, јас не планирам да ја јадам супата, кај што плукале секакви либертаријанци!
Л: Па не јадете, кој ве тера?! Да, – сум го заприметил тоа кај Вас, конзерваторите – кога ќе ви снема аргументи, почнувате да викате! А потоа, едноставно ќе ги запалите оние што не се согласуваат со Вас!
К: Тоа е општествена супа! Зошто се должни сите останати да ја јадат супата, во која што вие плукавте?
Л: Од кај Ви е правото да диктирате, каков треба да биде составот на супата за сите останати?
Во цивилизираните западни земји Вас одамна ќе ве тужеа!
К: Не знам како е во „цивилизираните западни земји“, но кај нас нема таков обичај, да се плука во супата!
Л: Аха. Обичаи, традиции, духовност, православие, монархија, народност… Да ви се даде сила, Вие сите со сила ќе го носевте во Црква… И со полиција ќе проверувавте дали носат крст на вратот.
К: Јас сакам само една работа – да не плукате во супата.
Л: Аха. Значи, кај вас не смее да се плука во супата, кај тартаријанците – мајонезот, кај поклониците на Глукибузуки од западна Танганика не смее при варењето на супата да се произнесе зборот „Јоксељмоксељ“ и да се потскокнува на левата нога… Што е, зарем ви сметам да ги пазите Вашите (цензурирано) табуа? Само зошто сакате да ми ги наметните и мене?
Конзервативецот се замисли за миг; либертаријанецот потскокна кон лонецот и плукна во супата. Тој си заминува со победнички израз и му мавта со раката приемникот. Од ходникот се слушна заглушувачко:
– Relax! (опушти се)
– Не прави го тоа!
Конзервативецот остана во длабока замисленост.
(Се спуштаат завесите)

п.с. Конзервативецот и Либертаријанецот не претставуваат карикатури на некои конкретни лица.

Сергеј Худиев

З.Д/ПП

Извор: http://preminportal.com.mk/duhovnost-2/odgovori-na-sovremeni-problemi/16158-pravo-da-se-pluka-vo-supata