На 07.12.2015 година на Православниот богословски факултет во Скопје, во склоп на чествувањето на Св. Климент Охридски, беше одржана свечена академија.
На присутните со пригодно слово им се обрати Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан, во кое нагласи дека не случајно по свети Климента е именуван и овој Богословски факултет, нашатанајвисока црковно-просветна институција, затоа што е наследник на славниот светиклиментов универзитет, чија главна задача беше да ги воспита, подготви и оспособи за пастирска дејност потребните свештенослужители на Христовата Црква на овие простори.
На свеченоста беа присутни и митрополитите г. Петар преспанско – пелагониски и администратор Австралиско – новозеландски и г. Јосиф Тетовско – гостиварски, деканот на факултетот д-р Ацо Гиревски заедно со професорите и студентите, Амбасадорот на Руската Федерација во Р. Македонија Н.Е. Олег Николаевич Шчербак како и останати гости. Во оваа пригода им беа доделени дипломи на новодипломираните студенти и нови индекси на постдипломците. На радост на студентите и професорите беше претставено возобновеното студентското списаниеПРАВОСЛАВЕН БЛАГОВЕСНИК.
Преземено:http://www.spe.org.mk