Обрезание Господово

Обрезанието на деца од машки пол е древен обичај, извршуван од повеќето источни народи, во различно време. Во старозаветната епоха обрезанието било востановено како симбол на Заветот, склучен помеѓу Бог и патријархот Авраам и неговите наследници ( Бит.17:12; Лев.12:2 – 3 ). Исполнувајќи го барањето на старозаветниот закон, Господ Исус Христос бил обрезан во осмиот ден по Неговото рашѓање ( Лука 2:21 ).

Празникот Обрезание Господово е еден од древните празници на Источната црква. По префрлањето на Рождеството Христово од 6 јануари на 25 декември бил преместен осум дена по него – 1 јануари. Дотогаш некои цркви првиот ден од годината го сврзувале со строг пост, против новогодишните торжествени прослави на незнабошците ( јазичниците ). Според некои истражувачи не станува збор за новогодишните прослави, туку за празнувањето на незнабожечкиот бог Јанус.
Во определени периоди празникот Обрезание Господово бил вбројуван кон дванаесетте големи господови и богородични празници. Од 5 век до нас достигнало „ Слово за Обрезанието Господово “, кое му се припишува на Константинополскиот архиепископ Прокло ( †446 ). Како постоечки празник Обрезание Господово се споменува во еден Лекционар ( ЛекционариЙ ) од 546 година и во делата на соборот во Тур во 567 година.

ЛИТУРГИКА, Архимандрит Авксентиј
превел богослов Дамјан Трпкоски