Нетрадиционално спомнување на покојните

Околу секој црковен обред, постојат разни народни традиции, кои неретко забегуваат во длабоко суеверие. Но, во зависност од христијанската свест на луѓето, постојат добри благочестиви традиции.

Во Белорусија, една таква традиција вели, дека секогаш кога ги храните птиците, вие давате милостиња за покојните, и ронејќи им трошки, можете за нив да си спомнете и да се помолите.

Својство на милостињата е срце, кое гори од љубов за секоја твар и и посакува добро. Милостињата не е само во давањето, но и во сострадувањето, кога гледаме човек, кој ни е сроден по создание во било какво страдање, и ако можеме да му помогнеме со било-што, му помагаме. Таа (милостињата) е изобразена во шесте заповеди од Евангелието според Матеј, глава 25. А давањето е само дел од милостињата, кое треба да го правиме според силите, без збунетост и пресметливост – и малку да дадеме, но со добра волја и надеж…

Преп. Макариј