21 februari 2015

Спомнавте за вашата љубов кон Бога, дека вашето срце пламено гори од љубов кон Бога. Јас не се сомневам во тоа, но љубовта Божја не се состои само во тоа, некое време да чувствуваш умиление и солзи: тоа повеќе може да се препише на даровите Божји или на наградата од Него, а за љубовта е речено: „Оној кој Ме сака, ги пази заповедите мои“ (Јн. 14, 15). Зашто, сметајќи ги првите чувства за љубов кон Бога, може да се прелажете со мнение, за што некогаш се допуштаат искушенија, слични на оние, кои ги претрпувате сега: тага, скука, мрак и т.н. Кога ќе го прочитате 55-то Слово на Исак Сирин, ќе можете да сфатите многу подобро, во што се состои Божјата љубов. (преп. Макариј).