18 април 2015

Нели е високомерност тоа, што откако некое време доби успокојување во борбата, ти поверува дека тоа е зачуваност на умот. Свети Јован Лествичник вели: „Колку што е далеку исток од запад, толку чувањето на умот е повисоко од чувањето на помислите, и неспоредливо потешко од него“. А јас и ти ни помислите не можеме да ги чуваме како што треба; тогаш од каде ќе се најде кај нас чување на умот? Твоето спокојство не беше чување на умот, туку очигледна замка од непријателот.
Преп. Амвросиј