11 април 2015

Треба да се држиме до духот. Духот оживува, буквата умртвува. Ако ја гледаме во манастирите само формата, не само што е тешко да се живее, но и страшно е. Држете се до духот. Видете во духовните семинарии и академии колкаво неверие и нихилизам има, а сето тоа е затоа што тоа се само празни зборови, без чувства и смисла. Револуцијата во Русија започнала од семинарија. На семинаристот му е чудно, нејасно да влезе сам во црква, да застане на страна, да заплаче, да се смири – нему тоа му е одбивно. Со гимназистот таквата работа е можна, но не и со семинаристот. Буквата убива.
Преп. Варсануфиј