1 Октомври – ден на раѓањето на свети Нектариј Егински

На денешен ден, 1846 година,  е роден св. Нектариј Егински, чудотворец на нашето време. Светиот Нектариј претрпел многу клевети и неволји во својот живот, и заради својот смирен дух, многупати се удостоил да ја види Мајката Божја, и чудата кои се случуваат по неговите молитви, продолжуваат до денешен ден. Тој е авторот на познатата химна Αγνη Παρθενε Δεσποινα (Света Девојко Владичице).

Краткометражен документарен филм, од едицијата „Крст над Европа“ на Православниот канал „Союз“ за двајцата големи светители од последните столетија: свети Нектариј Егински (1846-1920) и свети Јован Руски (1690-1730).