Одбележување на патрониот празник на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски“

На 05.12.2014 година на Православниот богословски факултет во Скопје, во рамките на чествувањето на свети Климент Охридски, беше одржана свечена академија. На присутните со пригодно слово им се обрати Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во кое ја нагласи неопходната потреба на целокупното наше општество да го чува и да оди по патот, трасиран од нашиот свет отец Климент Охридски. На свеченоста беа присутни и митрополитите г. Петар преспанско-пелагониски и администратор австралиско-новозеландски и г. Агатангел повардарски, деканот заедно со професорите и студентите, како и останати гости. На свеченоста беше промовирана илустрираната монографија „Православен Богословски Факултет (1977-2012)“ чиј автор е деканот на факултетот проф. д-р Ацо Гиревски. Во оваа пригода им беа доделени дипломи на новодипломираните студенти.