120 години јубилеј Академик Владимир Мошин

На 26.09.2014, по иницијатива на амбасадата на Руска Федерација и Почесниот конзулат на Руска Федерација во Република Македонија, а по повод 120 годишниот јубилеј за академик, протојереј-ставрофор Владимир Мошин, Митрополитот Преспанско-Пелагониски, и Администратор Австралиско-Новозеландски, г.Петар отслужи панихида.


СЛОВО за академикот Владимир Мошин ќе одржи проф.д-р Вера Стојчевска Антиќ.

Протоjerej Владимир Мошин
(Мошин Владимир Алексеевич)
(1894 – 1987)

Се родил на 26 септември (9 октомври) 1894 г, во Санкт-Петербург, во семејството на писателот Алексеј Н. Мошин. Студирал на филолошкиот факултет во Санкт-Петербуршскиот универзитет (1913-1914). Неговото образование било прекинато од Првата светска војна. Есента, 1914 г, како доброволец учествувал во битките на Брусиловската армија, за што бил награден со Георгиевски медал, и бил издигнат во чин – помлад офицер. Како таков, служел во 155 пешадиски Кубански полк, од 1917 до 1918 г, студирал на историско-филолошкиот факултет на Тифлискиот универзитет. Летото, 1918 г, се преселилво Киев и го продолжил образованието на историско-филолошкиот Киевски универзитет, и паралелно студирал и на Киевскиот археолошки институт. Се оженил со Олга Јаковлевна Кирјанова. Во август, 1920 г. Владимир Мошин се присоединил кон Доброволничкото движење во состав на кирасирскиот полк од Армијата на Доброволци на јужниот фронт. После заземањето на Перекоп, заедно со жена му, која ја исполнувала должноста полковен лекар, се евакуирал од Крим на брод за јаглен „Аскољд“. Во декември, 1920 г, семејството Мошини завршило во Југославија, во малечкиот хрватско градче Копривница. Неговата жена Олга Јаковлевна држела часови по француски јазик и музика, а во август, 1921 г, и двајцата добиле професорско место во локалната гимназија: Олга Јаковлевна – француски јазик, Владимир Алексеевич – историја и географија. Во 1921 г, во Београд ги положил завршните државни испити за универзитетскиот курс во историската група на историско-филолошкиот факултет, пред Белградската комисија на општеството на руски научници. Занимавајќи се со професорска работа, тој ги продолжил своите научни истражувања. Во годините, поминати во Копривница, тој ги напишал трите големи дела: „Најдревната етнологија на Источна Европа“ (останала необјавена“), „Варјажското прашање“ и „Црноморска Русија“. Пролетта, 1928 г, во Загребскиот универзитет одбранил докторска дисертација за норманската колонизација на Црното Море. Византолог и славист, специјалист по словенска археографија, основач на југословенската палеографска наука. Предавал византологија на философскиот факултет во Универзитетот во Скопје (1930-1932), и во Белградскиот универзитет (1932-1942). Истовремено предавал историја во руската гимназија во Белград. Учесник на 2-от Карловачки задграничен собор (од 14 до 24 август, 1938. Бил диригент на црковниот хор на руските православни храмови во Копривница и во Београд (1939-1942) (Олга Јаковлевна, имајќи прекрасен глас, пеела во хорот). Во 1942 г, предавал на богословските курсови во Београд, имајќи активно учество во работата на богословскиот кружок при митрополитот Анастасиј (Грибановски). Бил ракоположен за ѓакон, и за свештеник во 1942 година. Служел во руската црква „Св. Троица“ во Београд. Во 1944 г, после доаѓањето на советските војски, бил уапсен, но наскоро ослободен. На 20 април, 1945 г, о. Владимир Мошин бил примен под јурисдикција на Московската Патријаршија. Семејството Мошини, како и семејствата на другите јереи на црквата „Св.Троица“ во Београд, примиле советско државјанство. Тогаш о. Владимир е награден со свештенички чин – протоереј. Летото, 1947 г, семејството Мошини се преселило во Загреб (Југославија – Хриватска). Истата година станува директор на архивата на Академијата на науките и уметностите во Загреб (1947-1959). Се занимавал со научен опис, изучување и каталогизација на собранието на словенските ракописи. Освен тоа, во архивата, тој организирал и практични курсови по архивистика и палеографија. При архивата организирал служба за конзервација и реставрација на стари ракописи. Во 1947 г, протоереј Владимир Мошин добил отпуст од Руската Православна Црква и се вброил во клирот на Загребската Епархија на Српската Православна Црква, каде што го започнал своето служење како вонреден свештеник во Преображенската црква. Во 1959 г, протоереј Владимир се повлекол од службата заради научна дејност. После некое време, тој бил принуден да го остави и своето директорско место во Загребската Архива и да се врати во Белград. Во Белград, во текот на 6 години, работел како соработник во одделот за опис на словенските ракописи на Народната библиотека во Скопје. Ја развил работата во создавање на нов центар на археографски истражувања во Скопје. Држел лекции по палеографија, подготвувал опис на зборници од ракописи, издал „Дипломатски корпус“, материјали за историја на македонскиот народ. Во 1971-1974 г – станува редовен професор на филолошкиот факултет во Скопје, на катедрата за историја на јужните словени. Бил избран како академик во Македонската академија на науките (1970-те). Починал на 3 февруари, 1987 г, во Скопје. Погребан е во Скопје, заедно со неговата сопруга.

[nggallery id=60]