11 ноември 2014

Световните дела се толку многубројни, што едвај за сто години би можеле да се доведат до потребниот крај, и толку важни, што не трпат никакво одложување. Само богоугодните дела, за наша несреќа, можат да бидат одложувани без страв – некои до утрото, некои до другата година, а некои дури до староста и престареноста. Затоа и често се случува да останат неисполнети, за што јас срдечно жалам, но не можам ништо да сторам.

Преп. Антониј