Празникот Свети Никола во Прилеп

Hokej natprevari vo BAHL ligata

На 19.12.2013 г. Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиски и Новозеландски Г. Петар, по повод заштитникот на градот Прилеп, Свети Никола, благоволи да отслужи Празнична Божествена Литургија во сослужение со Неговото Високопреосвештенство Епископот Хераклејски Г. Климент, во соборниот храм “Св. Благовештение“.

На пладне, Митрополитот Г. Петар, во сослужение со поголем број на свештеници и ѓакони од Прилепското Архиерејско намесништво, се упатија во централното градско подрачје на град Прилеп, во параклисот посветен на Светителот, каде што Митрополитот Г. Петар, го благослови славскиот леб.