Божикни активности

На 07.01.2013 година, (Рождество Христово-Божик) Неговото Високо преосвештенство Митрополитот Преспанско Пелагониски и Администратор Австралиски и Новозеландски Г. Петар, отслужи Празнична Божествена Литургија во Соборниот храм посветен на “Светиот Великомаченик Димитриј“ во Битола.