На 18.10.2026 година, во Дваесеттата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на светата маченичка Харитина, во храмот „Свето Благовештение“ во Прилеп беше отслужена Света Архиерејска Божествена Литургија.
Со Светата Литургија чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоереи-ставрофорите Влатко Ристески, Златко Ангелески, ерејот Миланчо Стојановски, протоѓаконот Драган Ѓоргиевски и ѓаконот Александар Бошкоски.
Верниот народ, собран околу својот архипастир и свештенството, молитвено учествуваше во Светата Литургија, а верните пристапија кон Светата Чаша и се причестија со Светите Христови Тајни.









