На 21.06.2026 година, во Третата недела по Педесетница, Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение со протоереј-ставрофорите Никола Грамбизов, Златко Костовски, протоерејот Ќиро Милевски и протоѓаконот Драган Ѓоргиевски, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во село Кравари, во сослужение со протоереј-ставрофорите Никола Грамбизов, Златко Костовски, протоерејот Ќиро Милевски и протоѓаконот Драган Ѓоргиевски.
На Божествената Литургија, поради долгогодишна ревносна и посветена служба на Бога и Светата Црква, парохискиот свештеник отец Ќиро Милевски, беше произведен во чин протопрезвитер и удостоен со правото на носење набедреник.
Особена радост претставуваше и светиот чин на хиротесија, при што Дарко Менкиноски и Александар Петковски, беа произведени во чтеци на Светата Православна Црква.









