Втор ден Духовден – Света Архиерејска Литургија во храмот „Света Троица“, во Битола

На 01.06.2026 г., на Втор ден Духовден, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоереј-ставрофорот Златко Костовски, протоерејот Крсте Тасески и протоѓаконот Драган Ѓорѓиевски, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Света Троица“, во Буковски Ливади.

На Божествената Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.