На 10.05.2026 г., во Петтата Недела по Пасха (Недела на Самарјанката), кога го празнуваме споменот на Светиот апостол Симеон брат Господов и на преподобниот Јован Исповедник, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоерејот ставрофор Кирил Трајковски, протоерејот Атанас Лажовски и ѓаконот Крсте Атанасов, отслужи Света Божествена Литургија во соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“, во Битола.
На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.











