На 22.03.2026 г., во Четвртата Недела од Великиот Пост (Недела на Свети Јован Лествичник), кога го празнуваме споменот на Светите Четириесет Севастиски Маченици и споменот на Светите Четириесет Битолски Преподобномаченици, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоереите Љупчо Атанасов, Горан Петковски, протоѓаконот Драган Ѓеоргиевски и ѓаконот Михаил Атанасов, отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот посветен на нивниот спомен, на Кркардаш, во Битола.
Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.












