На 14.12.2025 година, во Дваесет и седмата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот Светиот пророк Наум, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоереј-ставрофорот Никола Грамбозов и протоѓаконот Драган Ѓоргиевски, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, во Битола.
На Божествената Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.









