Свети Николај Мирликиски Чудотворец – Света Архиерејска Литургија во Прилеп

На 19.12.2025 г., кога го празнуваме споменот на Светиот Николај Мирликиски Чудотворец, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоереи ставрофорите Влатко Ристески, Илчо Смилески, Златко Ангелески, протоѓаконот Драган Ѓеоргиевски и ѓаконот Миле Маџароски, отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот „Свето Благовештение“, во Прилеп.

На Божествената Литургија, Митрополитот г. Петар. протоерејот Златко Ангелевски, го удостои со право на носење на граден крст.

После Светата Божествена Литургија, пред параклисот на Свети Никола во центарот на градот, се изврши мал водосвет и прережување на славскиот колач.