Тринаесетта недела по Педесетница – Света Архиерејска Литургија во храмот „Свети апостол Павле“, при спомен храмот „Собор на сите Македонски Светители“, во Битола

На 07.09.2025 год. во Тринаесеттата недела по Педесетница, кога го празнувамe преносот на моштите на Светиот апостол Вартоломеј, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоерејот Димитар Михајловски и протоѓаконот Златко Крстевски и ѓаконот Крсте Атанасов, отслужи Света Божествена Литургија во храмот  „Свети апостол Павле,, при спомен храмот „Собор на сите Македонски Светители“, во Битола.

На Божествената Литургијата, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.