Трета Недела по Пасха (Недела на Жените Мироносици) – Света Архиерејска Литургија во храмот „Свети Кирил и Методиј“ (Параклис) – Прилеп

На 04.05.2025 г., во Третата Недела по Пасха (Недела на Жените Мироносици), Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоерејот ставрофор Влатко Ристески, протоереите Емилијан Зелнички, Гоце Маџаровски, протоѓаконот Драган Ѓоргиевски, ѓаконите Димитар Поп Атанасов и Кирил Донев, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Свети Кирил и Методиј“ (Параклис) во Прилеп. 

На Божествената Литургија, Митрополитот г. Петар, во чин протоереј го ракопроизведе ерејот Емилијан Зелнички.

Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.