На 15.02.2025 г., кога го празнувавме празникот Сретение Господово, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на Епископот Велички Никола, протоереј-ставрофорите Никола Грамбозов, Златко Костовски, Влатко Ристески, Сотир Гочевски, Илчо Смилески, Кирил Трајковски, протоерејот Темелко Блажески, протоѓаконот Драган Ѓорѓиевски и ѓаконот Младен Јовчевски, отслужи Света Божествена Литургија во соборниот храм „Сввети Великомаченик Димитриј“ во Битола.
На Светата Божествена Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.
После Литургијата, беше одржано годишно Свештеничко собрание.