Свети Константин и Елена – Света Архиерејска Литургија во Битола

На 03.06.2024 г., кога го празнуваме споменот на Светиот цар Константин и Светата царица Елена, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоерејот ставрофор Златко Костовски, протоерејот Оливер Ивновски, ереите Гроздан Богевски, Лазо Лазарески, протоѓаконот Драган Ѓеоергиевски и ѓаконот Златко Крстевски,  отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Свети Константин и Елена“ (Влашка Црква), во Битола.

На Божествената Литургијата, Митрополитот г. Петар, во чин чтец благоволи да ги ракопроизведе чедата Божји Пеце Дојчиновски и Александар Тодоровски.

Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.