Свети Кирил и Методиј – Света Архиерејска Литургија во Прилеп

На 24.05.2024 г., кога го празнуваме споменот на Светите рамноапостолни Кирил и Методиј, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослушение на протоереите Влатко Ристески, Дејан Секулоски, Гоце Маџаровски, Живко Деспотоски, протоѓаконот Драган Ѓеоргиевски и ѓаконот Димитар Поп Атанасов, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Свети Кирил и Методиј“ (Параклис), во Прилеп.

На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.