Света Архиерејска Литургија во храмот „Вознесение Христово“ во село Добрушево

На 11.5.2024 година, во саботата од Светлата седмица, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан – во сослужение со Нивните Високопреосвештенства, Митрополитите: Преспанско-пелагониски г. Петар и Дебарско-кичевски г. Тимотеј, како и со Нивните Преосвештенства, Епископите: Хераклејски г. Климент и Велички г. Никола – чиноначалствуваше на Светата Златоустова литургија во храмот „Свети Спас“ – с. Добрушево, Битолско; каде што годинава, по 12-ти пат се одржува т.н. Добрушевска средба.
По Литургијата следуваша богата културна и фолклорна програма.