Крстопоклона недела и Благовештение на Пресвета Богородица – Света Архиерејска Литургија во храмот “Свето Благовештение”, во Прилеп

На 07.04.2024 год. во Третата недела од Великиот пост – Крстопоклона недела, а во којашто оваа година, се празнува и големиот празник – Благовештение на Пресвета Богородица, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Преспанско-пелагониски и администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, во сослужение со Неговото Преосвештенство Епископот Велички г. Никола, отслужи Света Василиева литургија во храмот „Свето Благовештение“ во Прилеп.

На Литургијата јероѓаконот Јоаким, од манастирот „Свети Никола“ во Мариово, беше ракоположен во јеромонашки чин.

На новоракоположениот јеромонах Јоаким му го честитаме јеромонашкиот чин.

Верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.