Посета на богословите матуранти од Богословијата „Свети Арсениј Сремац“ во Сремски Карловци

На 22.04.2023 година, во Саботата од Светлата седмица, во посета на Преспанско-пелагониската Епархија, беа богословите матуранти од Средното богословско училиште „Св. Арсениј Сремац“ од Сремски Карловци, Р. Србија, предводени од ректорот на богословијата, протоерејот Јован Милановиќ, како и двајца други професори. Богословите беа пригодно дочекани од страна на Митрополитот Преспанско-пелагониски Петар во Соборниот храм „Свети Великомаченик Димитриј“ во Битола.