Известување

На 31.03.2023 г., на Солунскиот Богословски Факултет, при Аристотели  Универзитот, асс. м-р Борче Грамбозов ја одбрани докторската дисертација со наслов: “Откровението на Троичниот Бог врз единството на Стариот и Новиот Завет кај светите отци од четврти век”.

Под менторство на вон. проф. д-р Христос Филиотис – Влахавас,  асс. м-р Борче Грамбозов успешно го одбрани неговиот докторски труд на катедрата по Догматика, со одличен успех (10). Својот докторски труд го презентираше пред седумчлената комисија, составена од: вон. проф. д-р Христос Филиотис – Влахавас, вон. проф. д-р Теодорос Питарас, вон. проф. д-р Василиос Георгопулос,  проф. д-р Атанасиос Папарнакис, проф. д-р Екатерини Цаламбуни, проф. д- р Василиос Цингос, и проф. д-р Симеон Пасхалидис.