Големо осветување на храмот „Света Великомаченица Недела“, во село Стипона

На 16.09.2023 г., кога го празнуваме споменот на Свети Јоаникиј, архиепископ и прв патријарх Српски , Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоерејот ставрофор Никола Грамбозов, протоереите Сотир Гочевски, Михаил Матвеев, протоѓаконите Драган Георгиевски и Константин Сековски,  изврши Големо осветување на храмот „Света Великомаченица Недела“, во село Стипона.

После Големото советување, беше отслужена Света Божествена Литургија.

На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.