Свети пророк Илија – Архиерејска Вечерна богослужба во манастирот Свети Илија – Ротино

На 01.08.2022 г., во предвечерието на празникот на Светиот пророк Илија, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, отслужи Вечерна богослужба во манастирот „Свети Илија“, во Ротино.

Ангел во тело, столб на пророците, втор претеча на Христовото доаѓање, – Илија славен, откако одозгора му испрати благодат на Елисеј, овој болести прогонуваше и прокажени очистуваше. Затоа на оние што го почитуваат им дава исцеление.