Свети Нектариј Битолски – Архиерејска Вечерна Богослужба во соборниот храм Свети Великомаченик Димитриј, во Битола

На 17.12.2022 год, во Соборниот храм Свети Димитриј Мироточив во Битола, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, отслужи Воскресна Вечерна богослужба во спомен на Свети Нектариј, патронот и заштитникот на градот Битола.

Како ѕвезда зороносна си изгреал на Атос; си го осветлил карејскиот скит; те воспита градот Битола, оче наш, Нектарие. Просветли ги сите што со љубов те чествуваат и непрестајно моли се за сите нас. Слава Му на Христа, Кој те прослави, слава Му што те облагодатил, слава Му на Оној, што преку тебе ни даде нам исцеление.