Света Божествена Литургија во Нови Сад

На 02.10.2022 година, во соборниот храм „Св. вмч. Георгиј“ во Нови Сад, Србија, беше отслужена Света Архиерејска Литургија, на којашто беа свечено канонизирани светиот Иринеј (Ќириќ) Исповедник и Светите Бачки новомаченици, пострадани за време на Втората Светска војна.

На Божествената Литургија чиноначалствуваше Неговата Светост Патријархот Српски г. Порфириј, во сослужение на голем број архиереи од СПЦ, како и голем број гости од останатите помесни цркви, меѓу кои: Митрополитот Василиј Аркадиски од Антиохиската Православна Црква, Митрополитот Будимпештански Иларион од Руската Православна Црква, Митрополитот Крфски Нектариј од Грчката Православна Црква, Архиепископот Михаловско-кошички Георгиј од Словачка, а од Македонската Православна Црква сослужуваа: Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј и Митрополитот Повардарски г.  Агатангел. По завршувањето на Литургијата, патријархот Порфириј, како и домаќинот на оваа свечена богослужба Епископот г. Иринеј, се обратија кон неизбројниот верен народ, и се заблагодарија на сите кои дојдоа да служат и да земат учество во овој свет чин.