Делото на Светиот Дух

Богопознанието започнува од Духот Божји, Кој ги открива тајните Божји, нагласува св. Атанасиј Велики. Светиот Дух е Оној што нè соединува со Троичниот Бог, и ни го прави достапно спасението, а спасението е токму тоа: благодатна заедница со Троичниот Бог.

Светиот отец поаѓа од тајната на спасението, односно обожението како дело на Светиот Дух, за да ја исповеда верата во божеството на Духот против Духоборците.

За Атанасиј, штом обожението на човекот е дело на Светиот Дух, тогаш Духот не може да не е од божеството на Синот и на Отецот.

Асс. мр. Докторанд Борче Грамбозов, Православен Богословски факултет, Скопје