Редовно Собрание на Епархискиот Управен Одбор

На 01.03.2021 г., во Митрополијата на Преспанско-пелагониската Eпархија, се одржа редовното годишно собрание на Епархискиот Управен Одбор во полн состав.

Собранието го предводеше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, а присуствуваа членовите на Епархискиот Управен Одбор (ЕУО) од сите Архиерејски намесништва.

На седницата беа разгледани активностите и постигнатите резултати од минатата година, и беше направен работен план за активностите и мисијата на Епархијата за 2021 година.