Храм „Света Лидија“ во Битола

Првиот храм посветен на „Света Лидија Македонка“ на територијата на Република Македонија, е изграден во Нова Битола, како дел од големиот храм „Собор на Сите Македонски Светители“, кој е во изградба и кој е  одраз на светители што живееле и проповедале во нашата славна Библиска земја Македонија, под ктиторство на Неговото Вискокопреосвештенство Митрополитот Пресланско-пелагониски и Администратор Австралиско Новозеландски г. Петар.

Храмот „Света Лидија Македонка“, е осветен на 22.06.2019 година, од страна на Митрополитот г. Петар, во сослужение на бројно свештенство од Преспанско-пелагониската Епархија.