Триесет и втора недела по Педесетница (Недела по Богојавление) – Света Архиерејска Литургија во Битола

На 26.01.2020 г., кога го празнувавме споменот на Светите маченици Ермил и СтратоникСветиот Јаков, епископ Нисибиски и споменот на Преподобен Максим Капсокаливит, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоереј-ставрофор Никола Грамбозов, протоерејот Зоран Димовски и протоѓаконот Драган  Ѓорѓиевски, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, во Битола.

На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

„Оние што седеа во темнина и смртна сенка, им изгреа голема светлина!“ (сп. Мат. 4, 16).

Денес во оваа недела по Богојавление или просветление (присвештение), браќа и сестри, го слушнавме Светото Литургиско Евангелие, во кое се говореше т.е. како што било од пророците предскажано, особено од Светито пророк Исаија дека Спасителот Господ Исус Христос…

(Аудио) «Воскресна аудио проповед на Митрополитот г. Петар»