Свети Великомаченик Димитриј – Архиерејска вечерна во Битола

На 07.11.2020 г., во предвечерието кога го празнуваме споменот на Светиот Великомаченик Димитриј, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, отслужи архиерејска Вечерна богослужба во соборниот храм, посветен на овој светител.

Свети Димитрие, маченику Христов, страдалнику, со чудеса светлиш како сонце! Затоа, славејќи го твојот спомен, сите се насладуваме со твоите прекрасни чудеса, торжествувајќи со вера, блажени! Поради тоа, имајќи смелост, моли Му се на Господа, да ги сласи од гнилеж и неволи твоите слуги.