Свети Николај Мирликиски – Архиерејска Вечерна Богослужба во митрополитскиот храм „Свети Великомаченик Георгиј“, во Битола

На 18.12.2020 г., во предвечерието кога го празнуваме споменот на Светиот Николај, Мирликиски Чудотворец, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, отслужи Вечерна Богослужба во митрополитскиот храм „Свети Великомаченик Георгиј“, во Битола.

Светителу Николае, Христос Бог те покажа како правило на верата и пример на кротоста, оти, додека ти мирисаш благопријатно во градот Мир, твоите божествени дела светло зрачат насекаде, застапнику на сираците и вдовиците. Затоа се молиме непрестајно, да ги спасиш душите наши.