Собор на Пресвета Богородица (Втор ден Божик) – Света Архиерејска Литургија во Прилеп

На 08.01.2020 г., кога го празнуваме Соборот на Пресвета БогродицаСпомен на бегството во МисирПреподобен ЕварестСвети Ефтимиј Исповедник, епископ СардискиПреподобен Константин СинадскиПреподобен Никодим Прилепски-Тисмански; Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоереите Илчо Смилески, Тоде Вескоски, Златко Ангелески, Роберт Илиески и протоѓаконот Драган Георгиевски, отслужи Света Архиерејска Литургија во храмот „Свето Благовештение“, во Прилеп.

На Божествената Литургија, Митрополитот г. Петар, благоволи во ѓаконски чин, да го ракоположи дипломираниот теолог Метошко Дончовски.
Од името на Епархијата, на ѓаконот Метошко, му го честитаме ѓаконскиот чин и се молиме достојно да Му служи на Бога и да принесува многубројни плодовите.

На Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.