Триесет и петта недела по Педесетница – Света Архиерејска Литургија во храмот Пресвета Богородица – Пречеиста, во Кривогаштани

На 27.01.2019 г., во Триесет и петтата недела по Педесетница, кога го празнуваме споменот на Света Нина, просветителката на Грузија, Свети Сава, архиепископ СрпскиПреподобните маченици Синајски и Раитски и споменот на Свети Илариј, епископ Поатиски, Митрополитот Преспанско-Пелагониски г. Петар отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Пресвета Богородица – Пречиста“ во Кривогаштани, Прилеп. 

После Литургијата, Митрополитот г. Петар го крсти и миропомаза Божјото чедо Нектариј Спиркоски.

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

„Господи, што треба да направам за да имам живот вечен?“ (сп. Мат. 19, 16 ).

Ова, браќа и сестри, како што слушнавме во денешното Свето Литургиско Евангелие, му го рекол младиот учен законик на Господа Исуса Христа со цел да го искуша. А Господ Исус Христос му рекол да ги исполнува Божјите Заповеди и му посочил некои од нив, односно му вели да не прељубодејствува…

(Аудио) «Воскресна аудио проповед на Митрополитот г. Петар»