Тодорова Сабота – Света Архиерејска Литургија во Прилеп

На 16.03.2019 год., во Првата сабота од Великиот пост, посветена на споменот на Светиот Великомаченик Теодор Тирон, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, во сослужение на протоереј-ставрофор  Благоја Станкоски, протоереите Илчо Смилески, Влатко Ристески, свештеникот Тони Кузманоски и ѓаконот Ѓорѓи Делев, отслужи Света Божествена Литургија во храмот „Свето Благовештение“, во Прилеп.

После Божествената Литургија, верниот народ се причести со Светите Христови Тајни.

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

„Овој род, зол и прељубодеен, само со пост и молитва може да се истера!“ (сп. Марко, 9, 29), вели Спасителот наш Господ Исус Христос, браќа и сестри, а родот зол и прељубодеен, всушност е сатаната со неговите ангели (демоните).

Овој зол и прељубодеен род, кој е богоборен и кој е човекоубиец од искони т.е. од почетокот, е најголемата опасност на човечкиот род, за спасението, па токму затоа Спасителот наш Господ Исус Христос, укажува дека ние ако сакаме да го наследиме Царството Небесно, треба најанпред да се ослободиме од тој зол и прељубодеен род…

(Аудио) «Празнична аудио проповед на Митрополитот г. Петар»