Свети Седмочисленици, Свети Климент и Свети Великомаченик Пантелејмон – Архиерејска Вечерна во Битола

На 08.08.2019 г., во предвечерието на празникот на Светите Седмочисленици  и на Светиот Великомаченик Пантелејмон, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Вечерна Богослужба во храмот посветен на Светиот Великомаченик Пантелејмон, во Битола.

Бесплатно им даваш благодат на луѓето, славен маченику Пантелејмоне, и со призивањето на Христа изгонуваш (нечисти) духови, и вид им даруваш на слепите, како негов ближен угодник. Но моли Го лекарот, себлажени, на светот траен мир да му дарува, а на оние што те љубат тебе – милост голема.