Среда од Првата недела во Великиот пост

На 13.03.2019 г., во Средата од Првата недела во Великиот пост, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар отслужи Големо повечерие со читање на третиот дел од Канонот на Свети Андреј Критски, во храмот „Пресвета Богородица“, во Битола.

Ирмос: Господи, утврди го моето расколебано срце врз каменот од Твоите заповеди, зашто си единствен свет и Господ.

Помилуј ме, Боже, помилуј ме.

Благословот Симов не си го наследила, душо бедна, ниту пространиот имот што Јафет го доби во земјата на проштавањето.

Помилуј ме, Боже, помилуј ме.

Излези од земјата Харан, остави го гревот, душо моја, и оди во земјата од која тече вечноживо нетление, што Авраам го наследи.

Помилуј ме, Боже, помилуј ме.

Си слушнала за Авраам, душо моја, кој во она време ја остави земјата на татковците и стана туѓинец; неговата добра волја подражавај ја.

Помилуј ме, Боже, помилуј ме.

Отакако патријархот Авраам ги угости ангелите кај дабот Мамвриски, на старост од Бога ветеното го наследи.

Помилуј ме, Боже, помилуј ме.

Бедна душо моја, откако ќе ја разбереш новата жртва на Исаак, тајно принесена на Господа, неговата одлука подражавај ја.

Помилуј ме, Боже, помилуј ме.

Си слушнала, душо моја, за Исмаил кој беше истеран како дете на слугинка; затоа биди будна и пази и ти да не пострадаш како него, предавајќи им се на страстите.

Преподобна мајко Марие, моли Го Бога за нас.

Обземен сум од бура и од гревовни бранови, но ти самата, мајко, сега спаси ме и кон пристаништето на божественото покајание одведи ме.

Преподобна мајко Марие, моли Го Бога за нас.

Твојата понизна молитва, Преподобна, принеси ја сега кон милостивата Богородица, по твоите молитви, да ми ги отвори вратите божествени.

Слава на Отецот и Синот и Светиот Дух.

Троице проста, несоздадена, беспочетно естетство, пеана во три Ипостаси, спаси не нас, кои на Твојата моќ и се поклонуваме.

И сега и секогаш и во сите векови. Амин!

Богородичен: Безвремениот Син на Отецот, во времето без маж си Го родила, Богородице: необично чудо! Доејќи остануваш Дева.

(Од Покајниот канон на Свети Андреј Критски)