Собор на сите македонски светители

На 06. 10. 2019 г., кога го празнуваме празникот Собор на сите македонски светители, Неговото Блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима, г.г.Стефан, заедно со членовите на САС на МПЦ-ОА, изврши Големо осветување на новоизградениот храм посветен на Свети Јован Крстител, во скопската населба Бутел.  По чинот на осветување на храмот, беше отслужена и Света Божествена Литургија. Истиот ден беше одбележан и  20 годишниот јубилеј на Архиепископот Стефан од изборот за Поглавар на Македонската Православна Црква и 33 години од неговата хиротонија во епископ.