Рождество на Пресвета Богородица – Празнична Вечерна богослужба во село Новаци

На 20.09.2019 г., во предвечерието на празникот на Раѓањето на Мајката Божја, Пресвета Богородица, Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, отслужи празнична Вечерна богослужба во храмот посветен на овој празник, во село Новаци.

Твоето раѓање, Богородице Дево, радост му возвести на целиот свет,зашто од Тебе изгреа Сонцето на правдата – Христос, Бог наш;и откако ја урна клетвата, ни даде благослов;кога ја уништи смртта, ни даруваше вечен живот.